Нема евидентиран пациент со западнонилска треска во Велес, единствениот случај е од населено место
Објавено: 21 август, 2026, во 14:30 часот
Во градот Велес досега нема евидентирано лице со симптоми на западнонилска треска, потврди за Дума.мк, д-р Ана Марија Џунџова – портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес. Единствениот случај евидентиран од локалните здравствени институции, во месец мај, годинава, беше маж на возраст на 55 годишна возраст, од населено место во велешката општина.
Сепак здравствените работници апелираат до граѓаните да внимаваат и да користат заштитни средства поточно спреови против комарци како една од основните мерки за превенција. Особено се препорачува користење на вакви фармацевтски препарати при туристички патувања или користење на годишни одмори надвор од Македонија. Особено во земји каде што има зголемено присуство на овој вид на инсекти.
Граѓаните да истражат пред да патуваат и со себе да понесат заштитни средства е најефикасен начин, порачаа и туристичките работници.
Инаку, досега, за заштита на населението, велешката локална самоуправа реализираше три авионски и една теренска дезинсекција против комарци, а според планот следува уште една теренска дезинсекција.
Дијана Иванова



