Почина лице на 55 годишна возраст од Ковид -19 во велешка болница
Објавено: 10 септември, 2021, во 19:29 часот
Починатото лице е жена од село Горно Јаболчиште.
Денеска во ЈЗУ„Општа болница“ Велес вкупно се хоспитализирани 68 пациенти. Од нив 46 пациенти се потврдено позитивни, седум се сомнителни и 15 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 38 пациенти.
Од вкупниот број на Инфективно одделение се лекуваат 43, во Модуларна болница 17 и на Интерно одделение осум пациенти.
Денеска од велешка болница испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Убавка Јаневска



