Во велешка болница 33 ковид пациенти на кислородна поддршка
Објавено на 30 септември, 2021 во 11:08
Во Општа болница Велес, вкупно се хоспитализирани 68 ковид пациенти од кои 51 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и 13 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 33 пациенти.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 38, на Интерно одделение седум и во Модуларна болница 23 ковид пациенти.
Во текот на денот испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева