Средба на Левица со граѓаните: „Велес мора да биде црвен!“

Објавено на 13 октомври, 2021 во 23:25

Претседателот на Левица, Димче Апасиев, вечерашниот митинг во Велес го започна со констатацијата дека Рацин заслужува да има Мавзолеј, затоа што тој бил народен човек којшто секогаш кога паѓал духот на народ и на неговите соборци, писмата ги завршувал со слоганот „Ќе победиме“  и кога никој не верувал во тие млади партизани тие победиле, додаде Апасиев. Којшто продолжи говорејќи дека со политичкиот активизам во студентските денови започнале да ја градат Левица со вертикални движење затоа што на државата и е потребна хиеархиска основа и во случајов партија којашто ќе се бори на рамноправна основа со дугите партии.

-Левица само што започнува. Овие клучни избори не се само за шахти и канализации, туку и за растење на Левица, затоа што Левица е градена да трае, не е градена да изгоре само на едни избори, ние тоа со Борис Крмов го покажавме. Немој да потпаднете под притисоците, јас верувам дека да ве заплашат не можат толку колку што може да ве поткупат. Секој човек има некоја точка на топење, ќе ви понудуваат секакви непристојни предлози, еве ќе ви кажам колку чини едно советничко место, 30.000 евра, што ги нудат во вреќа. Немојте да се продадете бидејќи единственото нешто што го има Левица е кредибилитетот и чистиот образ, порача Апасиев.

Апасиев исто така рече дека верува дека во Велес ќе освојат пет советнички места без којшто нема да може да се направи Советот на општината. Констатирајќи дека ова биле најтешките избори во коишто учествувале, поточно биле 15 пати потешки од парламентаните избори.

-Со овие ресурси што ги имаме се обидовме да ги покриеме сите поголеми места и фидбекот што го добиваме е охрабувачки. Секаде очекуваме во советите да влезат наши советници кадешто имаме листи. Кога првично ни го предложија професорот Арсов за кандидат за градоначалник  јас не го познавав. Штом го запознав,  одлучив и на Президиум предложив а потоа и донесовме одлука да го поддржиме за наш кандидат за градоначалник во Велес. Тој има афинитети започнувајќи од земјоделие преку историја, политика и геополитика, човек којшто е начитан со познавање од многу области, искрен и посветен. Сакам да ви порачам и вас професоре и на советниците што и да се случи Левица нема да ве остави, немојте да паѓате во духот. Јас кога се кандидирав за советник не станав, но две години подоцна станав пратеник во Скопје. Левица штотуку станува политичка сила, додаде Апасиев.

Заблагодарувајќи се за поддршката од народот Апасиев исто така истакна дека Велес донел пратеник во тројка и прогнозираше дека на следните избори Велес ќе имал тројца пратеници од Левица во трета изборна единица, притоа потенцирајќи дека особено му е мило што екологистот  Игор Смилев на овие избори ќе станел член на советот на Општина Велес.

Промовирајќи ја изборната програма на Левица, вечерва во Велес, кандидатот за градоначалник проф. Д-р Златко Арсов издвои дел од ударните мерки од програмата на оваа партија. Тој ја критикуваше одлуката на актуелниот градоначалник на Велес преку јавно приватно партнерство да го ставел во функција репрезентативниот „Офицерски дом“, додека, неговите претходници за одлуките со коишто придонеле за пренаселено централното градско подрачје, не функционалните главни сообраќајници и не визионерскиот урбанистички план.

-Затоа систематски ќе се борам против урбанистичката мафија, која вклучува застанување на пат на локалните моќници и манипулација со градежното земјиште. Ревизија на сите детални урбанистички планови издадени под влијание на корупциски афери, забрана за продажба и изнајмување на државно и општинско земјиште и имот. Ќе набројам побитни проекти како што се изградба на две катни гаражи, првата во центарот на градот и втората во близина на гимназијата, но за точната локација ќе го прашаме народот каде да биде. Би го довршил кејот на Вардар во делот помеѓу двата моста, изградба на вештачка кајак патека кај Стар Мост. Би ги проширил главните сообраќајници секаде кадешто тоа е можност, со воведување на булеварско решение, би ги остранил сите столбчиња, островчиња што го кочат сообраќајот, за поширок простор на пешаците и поголем број на велосипедски патеки. Ќе го преиспитаме еднонасочниот сообраќај во градот, во функција ќе биде ставена и малата уличка позади велешки театар со што би се скратил патот за до болницата или брза помош, додаде Арсов.

Тој најави преиспитување и на сообраќајните решенија и во стариот дел на градот, најави санација на мостот кај Башино Село и изградба на уште на еден мост за поврзување на населба Речани со другата страна на градот, кружен тек кај велешката гимназија, дислокација на времените објекти близу главните улици како и засадување на нови дрвореди и зголемување на зелените површини во градот. Арсов вети проекти за развој и на 29-те велешки села, преку изградба на патишта, водоводи и подобрување на електро напојувањето.

Носителот на листата на кандидати за членови на советот, Димитар Арбашев, најави борба против  партиските вработувања,  уривање на постоечкиот според него трул систем и создавање на нов.

-Сакаме да го промениме целиот систем, тоа што го живееме секојдневно мора да заврши. Време е компетентни, чесни и вредни луѓе да бидат победници на конкурсите за вработувања, наместо луѓе со партиски книшки. Мораме да застанеме на патот на криминалот, штетата што урбаната мафија ја предизвикува има неповратен ефект врз животната средина и зелените површини. Велес повторно може да биде убав град, со повеќе места за деца и младинци коишто ќе можат да го поминуваат своето слободно време во дружење, спорт и рекреација. Мораме да водиме повеќе грижа за старите и изнемоштени лица кои сега се тотално заборавени. Велес дефинитивно заслужува да има Центар за култура. Време е за промени, време е за црвен Велес, додаде Абрашев.

Тој ја промовираше листата со кандидати за членови на советот на Општина Велес, велејќи дека располага со луѓе со различни професии, медицинари, правници, економисти, инжинери и екологисти но особено рече дека бил горд што имала голем број на работници.  Воедно побара граѓаните мудро да гласале на овие избори затоа што биле клучни за промените што биле неопходни гласајќи за бројот 15.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.