Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани, досега трета доза примиле 27.298 граѓани
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4797 дози вакцини, од кои 734 се аплицирани како прва доза, 876 се ревакцинирани, а 3187 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 28 октомври вкупно се вакцинирани 804 151 граѓани, ревакцинирани се 774 464 а трета доза примиле 27 298 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.