За една недела 36 лица во Македонија по вторпат станале позитивни на Ковид-19
Минатата недела се тестирани 21.346 лица, за 3,5 отсто помалку од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 10,7 до 20,4 отсто, а просечно 14,8, информираат од Институтот за јавно здравје.
Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (4,6 проценти). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,2 проценти). Според полот, 52,1 отсто од заболените се жени, а 47,9 машки.
Еднаш прележаниот Ковид – 19 не гарантира безбедност а тоа го покажува фактот што минатата недела се пријавени 36 реинфекции па досега вкупно 822 граѓани кои еднаш заболеле и оздравеле повторно биле инфицирани од коронавирусот. Еден пациент по трет пат е регистриран како позивитивен на Ковид – 19.