Во велешка болница 16 ковид пациенти на кислородна поддршка
Објавено на 30 ноември, 2021 во 11:29
Вкупно 35 ковид пациенти се лекуваат во велешка болница, од нив 23 се потврдеи позитивни, пет пациенти се сомнителни и седум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На Инфективно одделение се лекуваат 17 пациенти, на Интерно одделение Б пет пациенти и во Модуларна болница 13 ковид пациенти, соопшти портпаролката на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 16 пациенти.
Во изминатите 24 часа примени се двајца нови пациенти на болничко лекување.
Стефани Манева