Над илјада граѓани на Македонија веќе ја искористија можноста за мобилно издавање пасоши во конзулатот во Германија

Објавено на 8 декември, 2021 во 12:15

За помалку од три месеци, над илјада државјани на Република Северна Македонија кои живеат во Сојузна Република Германија се сликаа за нови патни исправи во Конзуларното одделение на Република Северна Македонија во Бон, каде успешно стапи на функција новата базна станица. Седумстотини биометриски пасоши се готови а во тек е обработката на пристигнатите барања, со новата опрема која исклучително придонесе во скратење на постапката, намалување на трошоците, како и зголемување на задоволството на нашите државјани во Германија, сведочи конзулот, Боро Мирчески.

“Oвој проект е исклучително полезен за нашата дијаспора! Од искуството во изминатиот период, како го отпочнавме проектот, можам да посведочам само на зголемување на задоволството кај странките. Во моментов во нашата амбасада во Бон странките добиваат изготвена патна исправа за помалку од 30 дена” рече Мирчески.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.