Починати две жени од Ковид-19 во велешка болница
Објавено на 15 декември, 2021 во 11:16
Почината е жена на седумдесет и една годишна возраст со респираторна слабост, хипертензија и психичка растроеност и жена на осумдесет годишна возраст со респираторна инсуфициенција, хипертензија и карцином на дебело црево, двете од Велес.
Во ЈЗУ Општа болница Велес хоспитализирани се 31 ковид пациенти од кои 19 се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и 11 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Во изминатите 24 часа примен е еден пациент на болничко лекување. На кислородна поддршка се 19 пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 24 и на Интерно Б одделение седум ковид пациенти.
Стефани Манева