Во велешка болница се лекуваат 31 ковид пациенти
Објавено на 16 декември, 2021 во 15:59
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 31 ковид пациенти од кои 19 се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и 11 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Во изминатите 24 часа примени се двајца нови пациенти. Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 24, на Интерно Б одделение седум пациенти, во моментов во велешка болница има слободни 26 болнички кревети, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 16 пациенти.
Од болничко лекување испишани се двајца пациенти како оздравени.
Стефани Манева