Пендаровски в среда ќе се обрати пред пратениците во Собранието
Објавено на 16 декември, 2021 во 16:38
Претседателот Стево Пендаровски следната недела, в среда, на 22 декември, ќе се обрати пред пратениците во Собранието.
Пендаровски, како што веќе е најавено на веб страницата на законодавниот дом, ќе го одржи своето обраќање пред пратениците во рамки на 56 собраниска седница.
Обраќањето на шефот на државата, според агендата, објавена на собранискиот сајт е најавено за 12 часот.
Пендаровски по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието.