На територија на СВР Велес со ноќен радар спроведена акциска контрола, казнети 33 возачи

Објавено на 20 декември, 2021 во 12:21

На Територија на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови спроведена е четири часовна зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

-Во период од 18:00 до 22:00 часот санкционирани се 33 возачи. Две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 21 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 12 надвор од населено место, стои во соопштението на МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.