Во Русија забележан светкав снег, а ова е причината за неговото „блескање“ (Фото)
Во оддалечен дел на Русија, покрај брегот на Белото Море, биолозите забележале блескав снег, слабо сини светла кои светат во бел прав, пренесува Дејли Мејл.
Вера Емелијаненко, микробиолог која живеела во оддалечена полска станица, собрала дел од снегот, го ставила под микроскоп и открила дека за сјајот се одговорни малите биолуминисцентни животни наречени копеподи.
Честопати наречени „морски бубачки“, овие суштества обично се наоѓаат во океанот на длабочина до 90 метри во текот на денот, додека во текот на ноќта се само неколку метри под површината.
Ксенија Кособокова, експерт за морски планктони од Руската академија на науките во Москва, изјави за National Geographic дека копеподите најверојатно биле фатени во силна струја во Белото Море што ги донела до брегот.
Плимата и осеката беше исклучително биле високи на почетокот на месецот и повторно на 16 декември, што укажува на тоа дека посилните плими ги принудиле копеподите да слетаат.
Понатаму, откриено е дека се работи за вид на копепод наречен „Metridia longa“, кој носи молекула наречена „луциферин“ и произведува светлина со биолуминисценција, која е одговорна за сцените од фотографиите.
Имено, кога луциферинот реагира со кислородот, тој создава светлосна енергија, односно – сјај.
Се верувало дека копеподите кои светат во снегот биле живи кога ги забележала Кособокова, бидејќи малите животни како нив можат да преживеат на екстремно ниски температури.
Стивен Хадок од Институтот за поморски истражувања Монтереј Беј изјави за National Geographic дека копеподите може да се мртви бидејќи свитоците продолжуваат да светат откако ќе престанат да живеат.
„Соберете го организмот и ставете го во замрзнувач за подоцнежно проучување. А потоа кога ќе го извадите, полека ќе почне да свети бидејќи хемикалиите во нивните тела сè уште се совршено способни да реагираат“, тврди тој.
Сепак, најизненадувачкиот факт е дека светкав снег не е забележан на биолошката станица која е активна повеќе од 80 години.