Тешко повреден возач на работна машина во сообраќајка кај „Штипска клучка“
На регионалниот пат Велес – село Мамутчево, во близина на „Штипска клучка“ вчера попладне се случи сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило марка „Мерцедес Бенц“ со битолски регистарски таблички , управувано од Д. В.(26) од село Сушево во општина Василево и работна машина марка „Тома Винковиќ“ со велешки регистарски броеви управувана од возачот Д. А.(43) со кого патувал и велешанецот С.А.
Во несреќата што се случила околу 16 часот со тешки телесни повреди се здоби возачот на машината Д.А а со полесни неговиот сопатник С.А.
Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во ЈЗУ Општа болница – Велес. По санирање на повредите двајцата се задржани на поматамошно лекување, рече портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес./У.Ј