Шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“ за весел почеток на 2022 година
Велешкиот афористичар „Коки“ ни испрати шест нови афоризми со кои Ви ги честита новогодишните и божиќни празници! Започнете ја новата 2022 година со позитивна енергија и многу насмевки ?
-Многумина во животот успеале да постигнат се со една рака : секогаш знаеле кога и за кого треба да ја дигнат раката.
-Оние кои денес безмилосно грабаат и се богатат, несомнено се искомплексираните господа кои во детството немале ниту денар за џепарлак.
-Откако новиот градоначалник започна да ги чита написите за себе, од почит кон нив си ја симнува капата.
-Секој има право да се прави луд, но имам чуство дека некои политичари тоа право го злоупотребуваат.
-Кој нема таму каде што треба, има во роговите.
-Покрај нашиот одбранбен фудбалер, противничките навални играчи можат единствено да поминат…на носилка.
Афористичар
Никола Бошков – Коки