Спасовски: Од моментот додека раководам со МВР, до денеска имаме постојан пад на жртвите во сообраќајот

Објавено на 3 февруари, 2022 во 11:51

Системот „сејф-сити“ за тековно снимање заради јавна безбедност и безбедност во сообраќајот е скап проект и дека се уште се прави финансиската конструкција за негово спроведување, кажа денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– За системот сејф-сити ја правиме финансиската конструкција, по што ќе го започнеме процесот во однос на реализацијата на овој проект. Актуелниот систем порано се користел од Управата за безбедност и контраразузнавање. Постоечкиот не е систем кој може да контролира сообраќај. Нашата идеја е покрај јавната безбедност, да се направи и безбедност на сообраќајот. Може да се оди и со јавно-приватно партнерство или вложување во нова компанија, или која било варијата што ќе биде најдобра за министерството и државата, рече Спасовски .

Министерот посочи дека откако е тој министер намален бил бројот на жртви во сообраќајни несреќи.

– Гледате колку се подобрени резултатите со тоа што колегите се нон стоп на патиштата и нон стоп во контрола. Имаме сериозно намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи. 2013 година сме имале 198 жртви, 2021 имаме 111 жртви. Тоа е благодарение на посветеноста и работата, или ако сакате од моментот додека јас раководам со МВР, од 2016 година до денеска имаме постојан пад на жртвите во сообраќајот, порача Спасовски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.