IN MEMORIAM: Почина Љубе Терзијев, актер на велешки театар
На седумдесет и две годишна возраст ненадејно почина Љубе Терзијев, долгогодишен член на ансамблот на театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, оваа вест ја соопшти велешкиот театар преку својот фејсбук профил.
Терзијев својата кариера ја започнал во Народен театар Штип во 1971 година, потоа од 1975 година станал член на ансамблот на велешкиот теататар се до неговото пензионирање во 2014 година. Во овој период има остварено голем број на театарски улоги меѓу кои театарот како посебни ги издвојува: Џими во „Вејка на ветерот“, Јасон во „Медеја“ , Ампо во „Чорбаџи Теодос“ , Герард во „Младоста пред суд“,Оливер Кромвел во „Кобното тркалце“,Цермонијал Лужин во „Злосторство и казна”, Липовски во „Кукавично јајце“, Чорбаџи Миладин во „Сомнително лице“,Бордир во„Крал Иби“,Жевакин во „Женидба“,Супериус во „Пеш“, Господинот Диманш во „Дон Жуан“, Мисајле во „Хамлет од Долно Дивјаци“, Степан во „Предлог за брак“(„Брачни понуди“), Господ во „Утешение грешним“,Духот на Едип во „Антигона“,Кадмо во „Бакхи“, Василие во „Радован III-ти“,Џон Фримен во „Четвртата сестра“.
Погребот ќе се оддржи утре, 4 февруари, во 12:30 часот на гробиштата на црква Св. Пантелејмон во Велес.
Тимот на Дума.мк изразува сочувство до неговото семејство.