Фондација „Ангел Петров“ со изложба на портрети на Гоце Делчев насликани од Ангел Петров

Објавено на 3 февруари, 2022 во 13:45

По повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, фондација за култура „Ангел Петров“ од Велес постави ликовна изложба на 14 портрети на Гоце Делчев коишто се дела на велешкиот академски сликар Ангел Петров.

Делата коишто се изложени се изработени со различни техники како масло, пастел, туш, молив и комбинирана техника.

Велешани ќе можат да ги погледнат портретите на Гоце Делчев коишто се поставени во семејната куќа на Светлана и Ангел Петрови на улица Архиепископ Михаил број 11 во Велес, од денеска до понеделник, 7 февруари 2022 година.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.