Со тројца новопримени вкупно 66 ковид пациенти во велешка болница
Објавено на 4 февруари, 2022 во 13:09
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 66 ковид пациенти од кои 57 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и шест пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 46 пациенти, на Интерно Б одделение седум и на Физикална – ковид одделението 13 пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 27 пациенти.
Во изминатите 24 часа примени се тројца пациенти на болничко лекување и четворица пациенти позитивни на коронавирусот се преместени од Интерно одделение на Физикала – ковид одделението.
Од болничко лекување испишани се пет пациенти.
Стефани Манева