По повод 30 години од Армијата, успешна крводарителска акција во велешка касарна
Припадниците на Армијата повторно ја покажаа нивната хуманост и во голем број даруваа крв на крводарителската акција којашто денеска се одржа во велешката касарна по повод 30 години од формирањето на Армијата. За време на акцијата биле собрани 56 крвни единици од војници, старешини и вработени во касарната. Од нив 21 за прв пат дарувале крв и станале дел од најхуманото семејство во земјава.
– Како и вообичаено за реализацијата на сите акции зеднички придонесуваат Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона мединина од Скопје. Во реализацијата беа вклучени тројца волонтери од Клубот на млади, пишува во соопштението на Црвен Крст на РСМ, Општинска организација Велес.
Инаку во текот на 2022 година во велешката касарна треба да се одржат уште две крводарителски акции.
Стефани Манева