Во велешка болница се лекуваат 20 ковид пациенти
Објавено на 3 март, 2022 во 11:40
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 20 ковид пациенти од кои 15 се потврдени позитивни и пет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. Во изминатите 24 часа примен е еден пациент, преместен од Интерно Б одделение.
– Од болничките пациенти на Инфективно се лекуваат 18 и на Интерно Б одделение двајца пациенти. Осум се на кислородна поддршка, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
Во велешка болница има 32 слободни болнички кревети.
Од болничко лекување испишан е еден пациент.
Стефани Манева