Во велешка болница се лекуваат 15 ковид пациенти
Објавено: 7 март, 2022, во 15:41 часот
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 15 ковид пациенти од кои девет се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и двајца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат 10 пациенти и на Интерно Б одделение пет, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се четворица пациенти.
Од болничко лекување испишан е еден пациент.
Стефани Манева

