Во велешка болница хоспитализирани 13 ковид пациенти
Објавено на 14 март, 2022 во 10:14
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 13 ковид пациенти од кои потврдено позитивни се двајца, еден е сомнителен и десет пациенти се со негативен тест но се задржани на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат пет пациенти и на Интерно Б одделение осум пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.
На кислородна поддршка се седум пациенти.
Од болничките пациенти коишто се лекуваат на Интерно Б одделение еден е сомнителен и седум пациенти се негативни но се задржани после прележан ковид.
Стефани Манева