ИЈЗ: Бројот на починати од корона е за 56% помал од минатата недела
Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажува мало зголемување од 2,1 процент има на бројот тестирањата од ковид-19 во земјава, како и зголемување од 0,9 отсто на новозаболени лица од ковид-19 во однос на претходната недела.
Исто така во текот на минатата недела (од 14 до 20 март) во земјава се пријавени 15 смртни случаи на ковид-19 што е за 55,9 отсто помалку во однос на претходната недела кога имало 34 смртни случаи. Најголем дел од нив се од Скопје (4). Во однос на возраста, регистрирани се 13 починати од возрасната група над 60 години и по еден починат од возрасната група од 40 до 49 години и 50 до 59 години, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.772 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 26,2 отсто помалку споредено со минатата недела (n=2.400). Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 309 реинфекции, со зголемување од 15,7 отсто во однос на претходната недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=451; 24,6 отсто). Најмал број е регистриран кај возрасната група до девет години (n=62; 3,4 отсто) .