Прилепчанец се изгубил во атарот на село Нежилово, полицијата го пронашла

Објавено на 18 април, 2022 во 13:56

Во полициска станица Велес, вчера, околу 00:50 часот, педесет и девет годишниот Д.Т од Прилеп пријавил дека со патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, се изгубил во атарот на село Нежилово, општина Чашка.

– Полициски службеници од Полициското одделение Чашка веднаш излегле на терен и извршиле негово пребарување и во 02.45 часот го пронашле лицето во добра здравствена состојба, пишува во дневниот билтен на МВР.

Прилепчанецот бил однесен во Полициското одделение Чашка, по што бил предаден на семејството.

Стефани Манева          

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.