Мирен протест пред Владата најавува синдикатот на УКИМ
Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје соопшти дека на 30 јуни од 19 часот ќе организира мирен протест пред Владата за да го изрази своето незадоволство од, како што наведува во соопштението, „драматично влошената материјална состојбата на вработените на Универзитетот“.
-Платите на вработените на УКИМ се исклулчително ниски и се неколкупати помали од платите на универзитетите во регионот. Никогаш во својата историја вработените на УКИМ не биле во потешка материјална состојба од денес, соопшти Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ.
На почеток на месецеот Сојузот одржа предупредувачки протест пред Ректоратот на УКИМ, на кој беше побарано Владата да обезбеди зголемување на платите.
Тогаш министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека со ребалансот на буџетот е предвидено повисоки плати да имаат од септември, дека средствата се предвидени и таа постапка е почната од неговата претходничка Мила Царовска.
– Во ребалансот на буџетот, и од претходната министерка има почнато постапка, предвидени се средства за повисоки плати и во високото образование, рече Шаќири.