Кавадарчанец се здобил со тешки телесни повреди при пад од мотоцикл

Објавено на 6 јули, 2022 во 12:45

Во Полициска станица Кавадарци,ноќеска,  четириесет и пет  минути по полноќ, било пријавено дека педесет и четири годишниот З.М од село Возарци бил однесен во Општа болница Кавадарци со тешки телесни повредени.

-Според пријавеното, тој се здобил со повредите на 05.07.2022 околу 22.30 часот, на локалниот пат за село Раец, кај местото викано ,,Стар магацин-Илиница“ ,кадешто, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот, пишува во соопштението на Министерство за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека на местото на настанот увид извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.