Еден месец пиела по 4 литри вода дневно и телото почнало да се однесува чудно
Редовното внесување вода е многу важно за целокупната состојба на организмот, а една жена одлучила еден месец да пие по четири литри вода дневно. Тоа е повеќе од препорачаниот внес, а таа истакнува дека почувствувала бројни придобивки, но и несакани ефекти.
Еве какво било нејзиното искуство:
Се чувствував помалку подуено
Водата за пиење му помага на вашиот дигестивен систем да работи. Ако не пиете доволно вода, може да добиете запек, а ако тоа се случи, може да се чувствувате надуени.
Тоа не значи дека и понатаму не бев повремено подуена. Ако јадев голем оброк или консумирам премногу сол, чувствував дека стомакот ми се шири. Меѓутоа, водата ми помогна тоа да го пребродам и не се чувствував подуено или непријатно цело време.
Имав главоболки
Ова беше најинтересниот несакан ефект за мене. Ако не пиете доволно вода, станувате дехидрирани. Еден од несаканите ефекти на дехидратација е главоболката. Меѓутоа, дали знаевте дека можете да добиете главоболка и ако пиете премногу вода?
Ако пиете премногу вода, може да се изложите на ризик од хипонатремија. Хипонатремија може да се појави кога нивото на натриум во телото е премногу ниско. Ова се случува кога постојано пиете вода и вашето тело задржува голем дел од неа. Ова потоа може да предизвика разредување на натриумот во вашето тело.
Еден од симптомите на хипонатремија може да биде главоболка. Други несакани ефекти може да вклучуваат мачнина, замор, па дури и конфузија. Иако чувствував гадење и замор, за среќа не беше доволно доследно за да го означам како загрижувачки.
Копнеев по повеќе вода
Ова се случуваше повеќе во текот на првите две недели, бидејќи првпат почнав да пијам толку многу вода. Мислам дека моето тело на почетокот ми беше во состојба на шок, бидејќи од минимална количина на вода прејдов на речиси 4 литри. По првата недела од пиењето толку многу вода, сфатив дека ако поминам еден час без ништо да консумирам, ќе ожеднам и ќе имам желба да пијам уште вода. Без разлика дали е ова психолошко или не, ми беше интересно тоа што телото ми кажуваше да пијам повеќе вода. Би рекла дека тоа е предност, бидејќи моето тело призна дека треба почесто да пијам вода.
Постојано одев во тоалет
Очекував дека ова ќе се случи. Испив толку многу вода така што постојано трчав да најдам тоалет, за да го ослободам мочниот меур од сета напнатост.
Почесто се чувствував сита
Се вели дека водата е одлична за вашиот метаболизам, а по мојот тест, можам да потврдам дека тоа е вистина. Вообичаено, водата помага да се „измијат“ мастите од телото. Истражувањата исто така покажаа дека водата може да ја зголеми потрошувачката на енергија на вашето тело и да ги претвори складираните масти во гориво.
Тоа што подолго чувствував ситост, беше одличен начин да престанам да грицкам непотребна и нездрава храна. Ако продолжам со овој процес, веројатно ќе ми помогне да ослабам, бидејќи престанав да внесувам вишок калории.
Што научила пиејќи вода?
Дефинитивно нема потреба постојано да пијам околу 4 литри вода дневно. Верувам дека има свои придобивки, но не сакам постојано да се мачам да пијам толку вода во текот на денот.
Тоа ме натера да признаам колку треба да испијам. Меѓутоа, настрана од фактот дека морав да го носам со себе ова големо шише со вода каде и да одам, тоа беше повеќе мака отколку што требаше. Ќе се држам до просечната количина на вода, а можеби и малку повеќе, ако чувствувам дека ми е потребна.