Поскапе дизелот, цените на бензините останаа исти
Објавено на 3 август, 2022 во 09:20
Од ноќеска на полноќ, дизелот поскапе за 1,5 денар и чини 95,5 денари, а цените на бензините останаа исти.
Според одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за 0,5 денари се намали цената на екстра лесното масло за домаќинство, додека мазутот поскапе за 0,503 денари.
ЕУРОСУПЕР БС – 95 чини 95,50 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 и натаму ќе биде 98 денари, екстра лесното масло ќе се продава по 94 денари, додека мазутот по 53,343 денари за литар.
Со најновата Одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40 отсто во однос на Одлуката од 27 јули 2022 година.