Фондацијата „Никола Јанчев“ донира 120 прочистувачи за воздух
Околу 3500 основци од Кавадарци, најдоцна до понеделник во своите училници ќе имаат прочистувачи на воздух. Прочистувачите ги обезбеди фондацијата „Никола Јанчев“, а денеска директорката на компанијата „Кожувчанка“ и на фондацијата, Јанинка Чупаркоска ги додели прочистувачите на директорите на училиштата.
„Целта ни е хуманоста. Пред неколку месеци доделивме 36 стипендии на основци, средношколци и студенти.“ рече Чупаркоска и нагласи и дека и во иднина фондацијата ќе се води од нивната стратешка цел.
Фондацијата ги донира овие прочистувачи денеска, по повод верскиот празник Свети Никола. Вредноста на уредите е 36 илјади евра. Градоначлникот Митко Јанчев, кој присуствуваше на доделувањето, истакна дека најголем дел од средтвата за оваа донација се од неговата градоначалничка плата која што ја донира во фондацијата, но и средства од нивната компанија.
Фондацијата „Никола Јанчев „ е формирана во чест на прерано починатиот сопственик на најпознатиот бренд во Македонија за производство на минерална вода Никола Јанчев, и основната цел на нејзинoто постоење е да вложува средства и опрема за младите луѓе со цел да се унапреди или подобри животот , работата и нивното образование.Во тоа засега успеваат и сета почит за Митко Јанчев и Јанинка Чупаркоска -син и ќерка на Никола, кои продолжуваат да ја развиваат „Кожувчанка„ -Кавадарци заедно со Синалко ,во најдобрите македонски производи .
Денешната средба покажа дека Фондацијата „Никола Јанчев“станува општествено одговорна кога се во прашање децата и младите, и е во склад со актуелностите поврзани со аеро загадувањето.Ним и на вработените во основните учиулишта им подари 120 прочистувачи за воздух во вредност од окилу 36.000 евра ,( за секоја училница посебно) со цел да се прочистува воздухот во просториите во кој учениците престојуваат неколку часа.
Директорите имаат обврска прочистувачите да ги стават во функција најдоцна до понеделник.
Од името на учениците и родителите благодарност за вредната донација упатија директорите на училиштата./A.Д