На автопатот Куманово – Скопје – Велес казнети 90 возачи за брзо возење
Објавено на 9 септември, 2022 во 09:51
На автопатот Куманово – Скопје – Велес во текот на вчерашниот ден била спроведена седум часовна акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. За време на акцијата мобилната единица за безбедност на сообраќајот санкционирала 90 возачи .
-Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопштија од МВР.
Оттаму информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.