Кривични пријави за четворица велешани кои на фејсбук ширеле невистини и повикувале на омраза
Објавено на 30 септември, 2022 во 09:43
Против четириесет и осум годишниот И.С, триесет и девет годишниот И.З и десет години помладиот Д.А од Велес како и четириесет и три годишниот Е.А од село Горно Оризари, велешко, биле поднесенени кривични пријави од страна на Сектор за внатрешни работи Велес.
Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, тие сторилот кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Поточно, пријавените на 12, 15 и 17 јули, годинава, на нивните профили на социјалната мрежа „фејсбук“ пишувале коментари како и објави со коишто се ширеле невистини, повикување на омраза и нетрпеливост како и насилство кон други лица или групи.
Стефани Манева