Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денес?
Според курсната листа на НБРСМ средниот курс на еврото изнесува 61.6942 денари, а на американскиот долар изнесува 59.7523 денари. Средниот курс на британската фунта изнесува 71.4301 денари.
Врз основа на соопштението од Европската централна банка дека не е во позиција да го објавува референтниот девизен курс на руската рубља во однос на еврото поради тековниот обем на тргување и во согласност со Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија, Народната банка известува дека нема да формира и да објавува среден курс на денарот во однос на руската рубља почнувајќи од 2 март 2022 година, сѐ до натамошно известување од Европската централна банка.
Последната објава на референтниот курс на руската рубља во однос на еврото од страна на Европската централна банка е на 1 март 2022 година и соодветно на тоа, последната важечка објава на средниот курс на денарот во однос на руската рубља од страна на Народната банка на Република Северна Македонија е на 1 март 2022 година за Курсната листа која важи за 2 март 2022 година.
Дума.мк