Жена физички го нападнала сопругот и нивното малолетно дете во Чашка
Објавено на 20 јануари, 2023 во 10:08
Дваесет и три годишната А.Ц од велешко село со престој во Чашка, вчерва, од страна на полициски службеници од Полициско одделение Чашка била лишена од слобода.
-Таа по претходна вербална расправија со нејзиниот невенчан сопруг, физички го нападнала него и
нивното малолетно дете, пишува во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Стефани Манева