Возот од Битола тргна но само за Жабени, не и до Грција
Објавено на 1 февруари, 2023 во 14:36
Со петнаесетина патници, од кои претежно сегашни и поранешни вработени во Македонски железници, тргна првиот воз од Битола за Жабени, кој за жал нема да вози до Грција иако тоа беше првата замисла кога пред четири години се обнови пругата кон грчката граница, пишува веб порталот Апла.мк.
Кинескиот воз денес засвири за да го означи почетокот на оваа железничка линија. Секое претпладне во 10.30 часот ќе има воз за Жабени, село во близина на границата, каде е сместена и индустриската зона во Битолско.
Дума.мк