Бектеши: Од 1 јули се враќа евтината тарифа преку ден на електричната енергија

Објавено на 29 март, 2023 во 14:57

На прес-конференција пред Владата, министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека од први јули ќе се врати евтината дневна тарифа на струјата, бидејќи веќе од мај, па до октомври, државата ќе има вишок а производство на електрична енергија, објави Сакамдакажам.

Бектеши кажа дека за ова преговара со Регулаторната комисија за енергетика. Евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година.

Патем, се пофали дека зимава Македонија најдобро поминала со снабдувањето и производството на електрична енергија и затоа кај нас немаше рестрикции воопшто.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.