Променливо облачно со сончеви периоди и со локален пороен дожд како и грмежи
Објавено: 15 август, 2023, во 08:32 часот
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени целсиусови, а максималната од 24 до 34 степени целсиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
УХМР најави период на претежно стабилно и топло време со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Дума.мк


