На „Табановце“ и „Богородица“ се чека и до 40 минути

Објавено на 18 август, 2023 во 09:12

Итензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен информира Авто мото сојуз на Македонија. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.