Комбе се запалило кај „Рамина“ во Велес
Објавено на 18 август, 2023 во 11:28

Велешанецот Н.Д вчера, во 05:42 часот во Сектор за внатрешни работи Велес, пријавил дека на местото викано „Рамнина“ настанал пожар во возило комбе „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки. Возилото коешто се запалило било во сопственост на неговиот брат Т.Р.
Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека пожарот бил изгаснат од страна на велешанецот којшто го пријавил случајот а повредени лица нема.
На место на настанот бил извршен и увид.
Дума.мк
