Казнети 64 возачи од Кавадарци и Неготино за брзо возење
Министерство за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, во период од 16:00 до 20:00 часот, од страна на Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција, Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата била спроведена акциска контрола на возачи коишто не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на територија на Неготини и Кавадарци.
-При контролата санкционирани се 64 возачи, од кои 15 за возење без возачка дозвола, седум возачи за возење под дејство на алкохол, девет возачи управувале возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од кои пет биле со измината важност повеќе од шест месеци и истите се привремено одземени, седум за непрописно вградени фолии, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Дума.мк