Кардиолог д-р Ѓоргиевски: Како се добива срцева слабост?
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/10/srceva-slabost2.jpg)
Бројни фактори влијаат на создавањето на оваа состојба. Односно многу дијагнози водат до синдром на срцева слабост.
Исхемична коронарна болест, односно „запушување“ на крвните садови од маснотии. Нерегулирана шеќерна болест, Дијабет, прекумерна исхрана, која што предизвикува покачено ниво на холестерол и триглицериди или маснотии во крвта, како и нивно таложење на внатрешните ѕидови на крвните садови од што се создаваат наслаги се главни причини за спречување на добар доток на крв до срцето. Овие состојби го оштетуваат овој значаен внатрешен орган на луѓето и водат кон создавање на Срцева Слабост.
Акутен Миокарден Инфаркт Инфаркт е состојба на нагло затворање на крвниот сад најчесто од формиран тромб или плака со што запира дотурот на кислород до клетките на срцето. Клетките на срцето умираат а ги заменуваат нови, фиброзни. Поточно се формира лузна со тоашто повеќе нема активност делот од срцето коишто го опфатил инфарктот и самата активност на „пумпата“ се намалува односно срцето нема доволно капацитет и слабее па пациентот навлегува во срцева слабост.
Вирусни заболувања Многу вируси, дури и корона вирусот, можат да го нападнат вашето срце и да предизвикаат силно воспаление на кое ќе одговори вашиот имун систем со тоа што срцевиот мускул ќе се прошири како и срцето но во исто време и ќе ослабне. Тоа што е најризично е директен вирусен напад на вашето срце , без притоа да имате други симптоми. Честа појава се и формите на вирусни напади кои се манифестираат како обични настинки но во основа го оштетуваат срцето и пациентите мора да практикуваат да посетат лекар поради симптоми на срцевата слабост.
Вродени аномалии на срцето Бројни срцеви аномалии водат до последователен развој на срцева слабост.
Аортна стеноза е болест којашто во основа создава стеснување на аортата или пак е последица на отежнато отворање на залистоците на аортата (главниот крвен сад кој излегува од срцето) со тоашто срцето најнапред се задебелува па потоа полека се проширува и слабее во својата перформанса што кај пациентите создава срцева слабост.
Генетски Фактори Постојат и одредени генетски малформаци коишто доведуваат до ослабување на срцето. Можат да започнат од одредени вродени генетски причини и да се манифестираат со проширување и ослабување на срцевиот мускул.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/10/DrAtanasGjorgievso-logo-fin.png)
Пишува
Д-р Атанас Ѓоргиевски, специјалист кардиолог
моб.тел.број 070 324 903
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)