Лекување на срцеви аритмии – конвенционално и алтернативно
Кога срцевата аритмија е потврдена, вашиот лекар според природата на нарушувањето ќе реши дали е потребно лекување со лекови или по хирушки пат. Обликот на лекување ќе зависи од видот на аритмијата но и од возраста на пациентот, физичката кондиција и историјата на срцевите проблеми.
Конвенционална медицина
Во случај на мало нарушување, лекарот ќе предложи некои од мерките за срцевите аритмии кои можете да ги употребувате самостојно. Ако е потребно ќе ви препише лекови а нивниот избор е условен од обликот на аритмијата, историја на болеста и постоењето други срцеви проблеми.
Во итни случаи се примеува контролираниот електричен удар поради отстранување на срцевата аритмија и воспоставување нормален срцев ритам. Понекогаш аритмиите можат да контролираат со трајни или барем долгорочни вградувања на различни направи за електростимулација на срцето. Вграден кардиовертор,плочка со електрода , пејсмејкер дефибрилатор за одржување на здрав и изедначен ритам на отчукување.
Алтерантивно лекување
Алтернативното лекување може да го дополни но не и да го замени конвенционалниот начин на лекување на потешките срцеви заболувања .
Ароматерапија
Додадокот на масло на аргуми во водата за капење може да запре помалото треперење на срцето.
Кинески лековити билки
За лекување на симптомите на срцеви аритмии се користат голем број на смеси од лековити кинески билки.
Лекување со лековити билки
Црвениот глок има послабо но ефикасно дејство и најпогоден за самостојно користење.Тој предизвикува ширење на крвните садови и ја потикнува работата на срцевиот мускул, со што ја ублазува аритмијата.
Употреба
Ствете две до три лажички Црвен глок во една чаша зовриена вода .Пијте четири чаши дневно.
Лекување дома
- Во случај на тахикардија, најдобар лек е мирување
- Слабото притискање на набабрената каротидна артерија може да го запре нападот на тахикардија.
Превенција
Ограничете ја употребата на кофеин, никотин, алкохол и други стимуланси бидејќи ја забрзуваат работата на срцето. Намалето го стресот со физички вежби, медитација или друга за вас погодна постапка. Редовно посетувајте лекар и контролијте се!!
Божана Ќулафкова