Псоријаза болест на современиот живот!

Објавено на 15 март, 2022 во 14:24

Кои се симптомите?

Темнорозови подигнати делови на кожата покриени со бели лушпи, карактеристично на кожата на главата, колената, лактите и горниот дел на телето со слабо до силно чешање.

Другиот симптом за псороијаза е длабнатина, промена на бојата и здебелување на ноктите на рацете и нозете, но ако на ноктите се развие спориазата можат да се одвојат од кожната основа. Исто така црвената, испукана, лушпеста кожа на дланките укажува на споријаза на дланките (палмарна споријаза) а тие симптоми на табаните укажуваат на споријаза на табаните (плантарна псоријаза). Кај оваа болест може да дојде до голмо воспаление и влажнење на кожата што ги прави движењата многу болни.

Треба да се обратите на лекар ако воспалението на кожата не реагира на ниеден облик на лекување (по употреба на кортикостероиди) можеби боледувате и од друга посериозна болест!!

Причини за болеста се стрес до стрептококна инфекција. Болеста обично се јавува две до три недели по некоја инфекција , како што е стрептококно воспаление на грлото. Познато е дека пиењето алкохол ја влошува псоријазата а тоа се однесува и на исхраната богата со белковини и сиромашна со растителни влакна.

Псоријазата  технички е неизлечива, многу добро реагира на повеќето начини на лекување наменети за дерматитисот како и лекувањето со светлина.

Божана Ќулавкова 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.