Ве советуваме што треба да знаете за дијабетесот (ФОТО и Аудио)
Постојат два видови на дијабетес:
- ДИЈАБЕТЕС ТИП 1 тој се нарекува и инсулин зависен дијабетес или младешки дијабетес или шеќерна болест која се јавува на млада возраст и истиот е последица на недостаток на инсулин.
- ДИЈАБЕТЕС ТИП 2 познат како инсулин независен дијабетес. Истиот се јавува кај возрасни луѓе, или стабилна шекерна болест како последица на неспособноста на организмот делотворно да го преработи тој хормон. Околу 90% од сите дијабетичари го имаат овој облик на болеста.
Совети
Без оглед каков вид на шеќер имате морате да дејствувате во тесна соработка со лекар управуваќи со својата исхрана, лековите и активностите секој ден.
Најважно е да запомните дека морате да внимавате на нивото на шеќерот во крвта секој ден за да спречите хипогликемија , кај која нивото на шеќерот е пренизок за да се задоволат потребите на вашиот организам со енергија.
Хипогликемијата се појавува најчесто кај заболените од дијабетес тип 1 ако не примаат соодветни дополнителни количества инсулин, а во организмот им се развила голема глад за изворите на енергија.
Ако сте дијабетичар, особено внимавајте на знаците што предупредуваат на кетоацидоза: мачнина, прекумерна жед, често мокрење, крајна премореност, болки во стомакот и забрзано дишење.
Невозможноста за брзо реагирање на инјекции со инсулин и интравенско давање солени раствори можат да доведат до кома или смрт.
Долгогодишните компликации на дијабетесот можат да ги оштетат очите , нервниот систем, бубрезите, срцето и крвните садови, но и да ја ослабат вкупната отпорност на организмот на инфекции.
Божана Ќулавкова