ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ: СПОДЕЛЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ПРОБЛЕМИ СО ЗАГАДУВАЊЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПОСЛЕДИЦИТЕ ВРЗ ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Објавено на 25 август, 2021 во 15:00

Здравата животна средина  е основно човеково право загарантирано со Устав во секое демократско општество. Државните и локалните институции имаат обврска  да обезбедат здрава и чиста додека граѓаните да покажат грижа и одговорност кон заштита на животната средина.  Ништо помала не е ниту  одговорноста на компаниите. Особено тие коишто спаѓа во категоријата  на тешка и загадувачка индустрија.   

Сепак за квалитетот на воздухот, водата, почвата и здравјето на граѓаните потребна е грижа на сите. И на институциите и на компаниите и на граѓаните.

Вардарскиот регион има болно искуство од работата на големите загадувачи. Особено Велес и Кавадарци. Но еколошки инциденти се случуваат и во останатите седум општини.

Помогнете да ги мониторираме старите и да идентификуваме нови жешки еколошки точки, да откриеме инцидентни или континуирани  загадувања, да лоцираме прекршувања на надлежности и одговорности на институции, на загадувачи или на не одговорни поединци.  Заедно можеме да дојдеме до решенија за по квалитетен, по здрав, по чист  и по безбеден личен и живот на  децата, како најранлива категорија во локалната заедница во којашто  живееме.

Ви гарантираме анонимност, без Ваша дозвола нема јавно да биде споделено Вашето мислење, став, испратени документи, фотографии, видеа.

Ве повикауваме да се вклучите во нашето истражување со пополнување на анкетата: 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.