„Човекот се учи, се додека жената му е жива“- шест нови афоризми на Коки

Објавено на 13 март, 2023 во 10:59

Новите шест афоризми коишто велешкиот афористичар Коки, овој понеделник, ги издвои за читателите на Дума.мк посветени се на жените, бракот како и политиката и сигурно ќе предизвикаат насмевка на вашето лице. Уживајте:

-Човекот се учи, се додека жената му е жива.

-Постојат луѓе кои воопшто не ги разбираат жените, ама умеаат со нив.

-Единственото добро што може да им се случи на некои бракови е…разводот.

-Разнишаниот брак на мојот пријател сега наполно е разурнат, епицентарот беше кај соседот.

-Ако копањето по минатото е археологија, тогаш мојата сопруга веќе одамна ќе докторираше.

-На разно-разните политички коалиции, со децении им бевме верни како кучиња, затоа сега ни дојде времето кога треба да глодаме коски.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License