Европското патувачко кино доаѓа во Амфитеатар на Младински парк во Велес
Европското патувачко кино под отворено небо почна на 9 јуни и по трет пат годинава носи наградувани и возбудливи европски филмови со проекции на отворено за публиката ширум земјата.
Европското патувачко кино под отворено небо како загревање за Синедејс, секоја година патува во три различни градови ширум земјата и прикажува нови европски филмови, признаени од европската критика и сакани од европската публика. Годинава започна во Дебар а потоа продолжува во Велес и Битола каде што се отвораат нови Europe Houses.
На 16 и 17 јуни, во амфитеатарот во паркот на младите во Велес, ќе има проекција на филмовите УШТЕ ЕДНА ТУРА (ANOTHER ROUND) (Данска, Шведска, Холандија) во петок и НАЈЛОШАТА ЛИЧНОСТ НА СВЕТОТ (THE WORST PERSON IN THE WORLD) (Норвешка, Франција, Шведска, Данска) во сабота.
Проекциите започнуваат во 20:30 часот, а по проекциите ќе следат разговори на познатиот филмолог Петра Бранковска од Гледај.мк коja со своите гости – филмски критичари и филмски познавачи, како и со публиката ќе разговараат за импресиите од филмовите.
Влезот на филмските проекции е бесплатен.
Дума.мк