(фото) Со дефиле „Цветен пат за Рацин“ започнаа 56 Детски Рацинови Средби

Објавено на 10 ноември, 2023 во 12:51

Дечињата од детската градинка „Димче Мирчев“ постилајќи цвеќиња пред спомен обележјата на Кочо Рацин го означија почетокот на 56 Детски Рацинови Средби. Тие убаво облечени и подготвени, пред спомен бистата на Кочо Рацин во дворот на гимназијата, рецитираа стихови од познатите песни на Рацин. „Денови“, „Копачите“, „Ленка“ од стихозбирката „Бели Мугри“ беа само дел од песните коишто дечињата ги пееа во еден глас.

По нивниот настан, делегациите оддадоа почит пред спомен бистата на Рацин.

Дефилето насловено „Цветен пат за Рацин“ продолжи во центар а потоа и на Спомен – костурницата кадешто покрај дечињата од детската градинка настапија и МДПС „Премиера“.

Во рамки на 56 Детски Рацинови средби, учениците, учесниците и гостите ја посетија спомен куќата на Рацин.

Потоа, учениците од сите основни училишта во Општина Велес, во организација на Активот по ФЗО на ООУ „Кирил и Методиј“ ќе учествуваат во едукативна игра „Пронајди го богатството“.

Во велешката гимназија ќе се одржи Рациновата „ Антологија на болка“ низ раскажувањата на Рахилка – Фирфова Ѓоргова каде гостување ќе има проф, д-р Елка Јачева – Улчас, добитничката на наградата за животно дело „Гемиџии“ по повод 9 Ноември 2023 година.

Потоа организирана е книжевна работилница со роднокрајни автори, грнчарска работилница и за крај учениците ќе ја посетат роднокрајната издавачка куќа „Збор“ кадешто ќе бидат дел од работилницата насловена „По патот на книгата“ од идеа до реализација.

Во текот на утрешниот ден, 11 ноември, ќе бидат одржани рецитаторски натпревар, натпревар по ораторство, средба со автори за деца и млади и потоа свечено ќе бидат доделени награди на овогодинешните добитници.

На самиот крај ќе има музичко сценски перформанс од МДПС „Премиера“, детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ како и театарска претстава „Тивки жртви“ изведена од МДПС „Премиера“.

Стефани Манева

фото:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License