Годинешниот добитник на Рациновото признание 2021, засади садница во шумата на Рацин

Објавено на 11 јуни, 2021 во 19:28
Милован Стефановски како засадува садница

Околу велешката Спомен- костурница, традиционално се засадија млади садници во рациновата шума по повод 58-те Рацинови средби. Добитникот на овогодинешното „Рациново признание 2021“ , Милован Стефановски, со голема желба посака ова дрво со години да сведочи за важноста на оваа манифестација.  

Добитник на „Рациново признание 2021“

-Засадувањето на дрвото во рациновата шума за мене претставува еден многу важен чин во рамките на севкупната манифестација посветена на Коста Солев Рацин. Затоа што ова дрво ќе расте и ќе остане многу години како сведок за нешто што е спој меѓу луѓето и природата. Бидејќи ако се грижиме за природата ние ќе можеме да опстојуваме на оваа планета, додаде Стефановски.

Стефани Андреевска претставник на добитникот на „Почесно Рациново признание“

Втората садница ја засади Стефани Андреевска, претставник на овогодинешниот добитник на „Почесно Рациново признание 2021“, Ана Генадјевна Шешкен, која не можеше да присуствува на свеченоста поради пандемијата предизвикана од корона вирусот.

Градоначалникот Аце Коцевски
Претставници на семејството на Коста Солев Рацин
Претставници на армијата на Р. С. Македонија

Инаку претходно во чест на Рацин беше положено свежо цвеќе во Спомен- косутрницата од страна на градоначалникот Аце Коцевски, членови од семејството на Коста Солев Рацин, претставници на армијата на Република Северна Македонија,претставници на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ како и просветни работници.

Дел од поетите од клубот на писатели „Коста Солев Рацин“

Свеченоста заврши со поетски перфоманс оддржан од роднокрајните поети кои се и членови на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.