Граѓански фото објектив: Гранче со цветови од јапонска цреша
Објавено на 1 април, 2024 во 11:30
Велешанецот Атанас Крлевски понеделнички со нова фотографија. Овој пат, неговиот фокус било гранче со цветови од јапонската цреша во паркот пред Гимназија „Кочо Рацин“ во Велес.
-Јапонските цреши со својата убавина го привлекуваат вниманието на Велешани кога мимуваат покрај Гимназијата. Јас велам јапонските цреши се РАЈ за очите, додава Крлевски за својата фотографија.
Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.
Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса [email protected].
Дума.мк